Работна средба на градоначалникот Димитриевски со Јаким Неделков
Градоначалникот на Општина Куманово оствари средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков.
Работната средба беше во врска со имплементација на Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата.
Децата се нашата иднина и нашето најголемо богатство. Тие ќе останат еден од врвните приоритети во работата на нашата општина.