Мега концерт на кумановскиот плоштад
Празничната еуфорија во знак на 11 Ноември, со богата музичка содржина и огномет, продолжи и вечерва на гратскиот плоштад во Куманово.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој упати празнична честитка, посакувајќи им добро здравје, среќа и успешно справување со животните предизвици.
На сцената настапија Мартинијан Кириловски, Пајак и Лара, Туна и музичката група ДНК, на задоволство на многубројната публика.
Организатор на целовечерниот концерт е Фондацијата за култура и спорт – Куманово, со поддршка на Општината.