Свечен прием на делегации во чест на 11 Ноември
Во Занаетчиски дом – Куманово, денеска се одржа прием на делегации кои пристигнаа на одбележувањето на Ден на градот.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово, кој се заблагодари за нивното присуство, посакувајќи им пријатен празничен претстој во нашиот град. Притоа истакна, дека соработката и поддршката меѓу општините се значајни за креирање на нови идеи, размена на искуства и отпочнување на нови заеднички проекти во интерес на граѓаните.
На свечената манифестација, беа разменети пригодни подароци со претставници на збратимените градови, како и со делегациите од општините кои имаат долгогодишна соработка со Општина Куманово.