Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Музика за Албанска азбука – концерт

Во пресрет на Ден на Албанска азбука – 22 Ноември, вечерва се одржа концерт во Занаетчиски дом – Куманово.
Програмата беше составена од класични музички теми, во изведба на ученици и наставници од УОМО “Панче Пешев” – Куманово.
Публиката имаше можност да проследи инструментална соло и оркестарска изведба, како и настап на пејачка група и хорска интерпретација.
Поддршка на манифестацијата се Општината и Фондацијата за култура и спорт Куманово.
На настанот присуствуваа членови на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст