Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски се сретна со претставници од КК “Башкими 2002” – Куманово

Наградените спортисти од карате клуб КК “Башкими 2002” – Куманово, денеска беа примени од градоначалникот на Општина Куманово, кој им додели симболични подароци во знак на благодарност.
Каратистите освоија два златни и еден сребрен медал, во категорија на кадети, јуниори и спортисти до 21 година, на Балканското првенство, кое се одржа во Љублана, Словенија.
Кумановскиот карате клуб, според освоените награди и признанија е прогласен за најуспешен во оваа конкуренција во земјава.
Учествуваше на натпревари на национално и меѓународно ниво и оствари врвни резултати.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст