Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Триесет и четврта седница на Советот на општина Куманово

На 15 декември 2023 година (петок), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи триесет и четврта седница на советот на општина Куманово.

Дневен ред

 

  1. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2023 година;
  2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2023 – 30.09.2023 година;
  3. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2023 година;
  4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
  5. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
  6. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2023 година;
  7. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2023 – 30.09.2023 година;
  8. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2023 – 30.09.2023 година;
  9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  10. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за продажба на дотраени, односно неупотребливи средства во сопственост на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
  12. Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измена на Статутот на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
  13. Годишна програма на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2024 година;
  14. Информација за запишување на ученици во I-ва година и актуeлни состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во Општина Куманово во учебната 2023/2024 година;
  15. Информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2023/2024 година;
  16. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2024 година;
  17. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела на К.П. бр. 13711 со намена А1 – домување во куќи за поместување на граници кон соседни градежни парцели на К.П. бр. 13714, 13713, 13712, К.О. Куманово, од ДУП за дел од централно градско подрачје М.З. Панче Пешев, Општина Куманово;
  18. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела на КП бр. 17827/1 за поместување на граници кон соседни градежни парцели на КП бр. 17828, КП бр. 17822, КП бр. 17834, КП бр. 17835, КП бр. 17824/1, КП бр. 17827/2, КП бр. 17844, КП бр. 17824/2, КП бр. 17814, со намена А1-домување во куќи КО Куманово, од ДУП за дел од централно градско подрачје – Општина Куманово;
  19. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;
  20. Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;
  21. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст