Триесет и петта седница на Совет на Општина Куманово
На 26 декември 2023 година (вторник), со почеток во 10 часот, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, ќе се одржи триесет и петтата седница на Советот на Општина Куманово, со следен
Дневен ред
- Предлог – Решение за давање согласност на Статутот на Заедничко јавно претпријатие „ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК“ – Свети Николе;
- Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2024 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
- Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2024 година;
- Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2024 година;
- Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на општина Куманово во 2024 година;
- Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2024 година – зимско одржување;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавни службеници за 2024 година;
- Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за ангажирање на 5 (пет) извршители преку агенција за привремени вработувања за период од 01.01.2024 до 31.12.2024 година;
- Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2024 година;
- Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2024 година;
- Работна програма за 2024 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
- Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за ангажирање на 1 (еден) работник по пат на отстапување од агенција за привремени вработувања за период до 1 (една) година;
- Програма за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2024 година;
- Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. „Индустрија”, Урбан блок 71, плански опфат помеѓу ул. „11-ти Октомври“, граница на урбан блок, собирна улица по ГУП;
- Предлог – Одлука за донесување на техничка исправка за ГП 6 од Детален урбанистички план за дел од МЗ „Тоде Мендол“ (донесен со одлука бр. 07-464/7 од 18.05.2004 година) – Општина Куманово;
- Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2024 година;
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2024 година;
- Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2024 година;
- Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2024 година;
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2024 година;
- Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
- Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година;
- Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2024 година;
- Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на право на користење на еднократна парична помош за 2024 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2024 година;
- Предлог – Програма за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно образование за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средно образование за 2024 година;
- Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2024 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2024 година за ангажирање на 20 (дваесет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за утврдување на висината на надоместокот на претседателите и на членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за именување на членови на Локалниот економско-социјален совет – претставници на локалната самоуправа – Општина Куманово;
- Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2024 година.