Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на проект за изградба на нов средношколски центар ”Сами Фрашери” во Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Изготвениот проект од страна на локалните архитектонски тимови на “УРБАН ИНГ” и ЈП “Куманово – план”, за изградба на ново средно училиште во Општина Куманово, беше промовиран денеска, во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации. Според планот, во новиот објект ќе се обезбеди простор за учениците од гимназиските паралелки на ОСТУ “Наце Буѓони”, кои посетуваат настава на албански јазик. Средношколскиот центар ќе се гради во населбата Бедиње, на површина од 7400 м2 (локација – поранешната касарна), на четири нивоа, со капацитет за 1200 ученика. На промоцијата свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, која ја нагласи потребата за нов модерен училишен центар, притоа истакнувајќи ги основните заложби на сите политички чинители, предводени од градоначалникот Максим Димитриевски, кои придонесуваат за реализација на овој проект. Претседателката подвлече дека локалната власт го иницираше и изготви проектот, сега на потег се Министерството за образование и наука и централната власт, кои треба да го продолжат процесот во интерес на напредокот на идните генерации, бидејќи образованието е столб на секое државно уредување.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст