Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Традиционално чествување на големиот Христијански празник Божиќ

Традиционално чествување на големиот Христијански празник Божиќ

Празничната атмосфера внесува радост и топлина меѓу сите нас, но најмногу ги разгалува детските срца. Бадниковото утро, пред Соборниот храм Св.Никола во Куманово, започна со коледарска песна и детски насмевки. Бадникови колачиња и божиќни ѕвезди им беа поделени на сите коледарчиња, кои тргнаа во традиционалната поворка низ градските улици. Здружението “Бадникови поворки” во Куманово, традиционално по деветти пат ја организира оваа манифестација, со единствена мисија – дружење и сплотување на заедницата во божиќен дух, низ песна и игра.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници од општинската администрација, ги пречекаа малите коледарчиња со пригодни божиќни подароци.
Празничниот собир продолжи во црквата “Св. Никола”, каде коледарите и кумовите се сретнаа со градоначалникот и претставниците од општината и сите заедно се упатија на градскиот плоштад.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст