Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот на Општина Куманово упати Божиќна честитка до граѓаните

Со верба и надеж за посреќна иднина и просперитет, го прославуваме Христовото раѓање, сплотени сите заедно, без оглед на верска и национална припадност.
Семејните традиционални вредности ни даваат енергија и поттик да чекориме по патеката на хуманоста и добрината.
На празничните чествувања да си подадеме рака, да споделиме желби за добро здравје, љубов, мир во душата, неизмерна среќа и благосостојба во сите домови. Меѓусебната почит и поддршка се двигатели во сите заедници, основа за успешно градење на подобро утре и остварување на поставените цели, идеи, проекти…
Со благослов од Бога и искрена верба во иднината, ви го честитам големиот Христијански празник Божиќ!
Мир божји, Христос се роди!

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст