Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна изградбата на Лидл – логистички и дистрибутивен центар во РСМ

Во индустриската зона Речица, Куманово, денеска официјално започна изградбата на логистичкиот и дистрибутивен центар Лидл во Македонија.
По тој повод, денеска беше организиран пригоден настан на локацијата каде беше означен стартот на изградбата на центарот.
Присуствуваа претставници од Општина Куманово, високи државни функционери, претставници од Амбасада на Германија во РСМ, раководни лица на Лидл во Македонија, претставници од медиуми и институции кои учествуваат во изградбата на проектот.
Пред присутните, поздравен говор имаше извршниот директор на Лидл за РСМ, Рубријан Хаџиев, кој ги презентираше визијата, мисијата, вредностите на компанијата и фундаменталната улога на логистичкиот и дистрибутивен центар.
Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој ја нагласи важноста на новиот стопански капацитет.
Центарот ќе се простира на површина од 63000 м2, ќе вработи над 150 лица, но и дополнително ќе ангажира повеќе логистички и шпедитерски компании од градот и регионот.
Поздравни говори одржаа и германската амбасадорка во РСМ, Петра Дрекслер, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и претседателот на Влада на РСМ, Димитар Ковачевски.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст