Свечена Светосавска академија во Куманово
Националниот празник на српската заедница во Македонија, Денот на Свети Сава, свечено беше одбележан вечерва, во Занаетчиски дом – Куманово, во организација на Српски културен центар, претседателот на Р Србија и Владата на РС Македонија.
На свечената манифестација настапија еминентни музички и драмски и уметници од Македонија и Србија.
По воведните поздравни говори, програмата започна со “Светосавска беседа”, во изведба на српскиот поет и книжевник Игор Мировиќ, настапија и музички ансамбли “Српски вез”, “Србски православни појци”, група “Искон”, академските музичари Неда Николиќ и Благојче Трајчевски – “Извор”, Бранка Зечевиќ во придружба на оркестар и драмскиот уметник Дејан Лилиќ.
Присуствуваа високи државни функционери од Република Србија, Република Српска и Република Северна Македонија, претставници од амбасади, институции и претставници од општинската администрација.
Во име на Општина Куманово пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, која упати празнична честитка до припадниците на српската заедница, истакнувајќи го делото на православниот светец и просветител, кое остави неизбришлива трага во ширењето на христијанството, чување на традицијата и националните вредности.