Градоначалникот Димитриевски оствари средба со припадници на СЕЕБРИГ
Успешната соработка помеѓу Општина Куманово и Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ во РС Македонија, стационирана во кумановската касарна “Боро Менков”, продолжува во повеќе сегменти на обострано задоволство.
На денешната пригодна средба со градоначалникот Максим Димитриевски, делегацијата на СЕЕБРИГ, предводена од бригадниот генерал Билбил Битри, донираше техничка опрема наменета за потребите на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Низ разговорот се потенцираа досегашните позитивни искуства и беа предложени нови иницијативи за добробит на граѓаните на општината.
Средбата продолжи во Соколанскиот парк, (во тек е комплетно реновирање), каде беа засадени листопадни садници, донирани од СЕЕБРИГ.