Амбасадор на Австрија во посета на Општина Куманово
Градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, денеска ја оствари првата официјална средба со австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Памер.
Во пријателска атмосфера, беше нагласена досегашната успешна соработка во повеќе општествени области, која се одвиваше со отворен дијалог и комуникација.
Беа предложени иницијативи за креирање на нови проекти од економска и социјална сфера, кои би биле од голема важност за граѓаните на Општина Куманово.
Соговорниците ги истакнаа и реализираните проекти во изминатиот период, кои беа поддржани од Австриското сојузно Министерство за социјални работи, здравје и грижа за потрошувачите, во партнерство со Црвен крст на Македонија и Австрија и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.