Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Измени во Меморандумот за соработка помеѓу Општина Куманово и Хабитат Македонија

Денеска во Општина Куманово се одржа работна средба, на која беа договорени интервенции во деталниот урбанистички план, согласно потпишаниот Меморандум за соработка (од 02.09.2023 год.), за подобрување на условите за домување, сигурноста на домот и поттикнување на локалниот урбан развој, помеѓу Општина Куманово и Хабитат Македонија.
На состанокот присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, претставници од Здружението за хумано домување – Хабитат Македонија Скопје, предводени од извршниот директор Зоран Колев и Ахмет Јашаровски, советник во Локален економски развој – ЛЕР.
Во Меморандумот за соработка беше направена измена во деталниот урбанистички план – показните проекти нема да се реализираат во месноста “Пармакови ниви” (бидејќи таму е предвидено да се градат индустриски објекти), како што беше договорено.
По направените анализи, донесено е решение за реализација на проектните активности на локацијата “Стари лозја” – урбанистички план блок бр.8.
Овие активности се дел од кампањата “Домот е еднаквост”,  предводена од Хабитат Македонија, заедно со партнерските организации ширум светот, кои иницираат промени на политиките на локално, национално и глобално ниво, за да се зголеми пристапот до адекватно домување за луѓето кои живеат во неформални населби.
Преку показни проекти во две општини (Шуто Оризари и Куманово), каде претежно живеат припадници на ромската заедница, ќе се преземат мерки за обезбедување на посигурни услови за живот.
Врз основа на взаемна соработка, Меморандумот декларира интерес на двете страни, да ги застапуваат правата за соодветно домување и еднакво учество на развојните процеси на сите граѓани, со цел да се поттикне урбаниот развој.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст