Претставници од Општина Куманово во посета на Нови Сад
Членови на Советот на Општина Куманово, Мирјана Прокиќ Младеновиќ, Александра Лазаревски и Саша Николиќ, ја сочинуваа делегацијата, која присуствуваше на свечената академија во Нови Сад, по повод празникот на градот.
Први Февруари е значаен историски датум за збратимениот град со Општина Куманово, кој оваа година одбележува 276 години постоење.