“Жените и фотографијата” – национална изложба на фотографија
Традиционалната празнична изложба на уметничка фотографија, во организација на Фото клуб Куманово, во чест на Денот на жената – 8 Март, беше отворена вечерва, во салонот на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово.
На културно – уметничката манифестација присуствуваа претседателката Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот на Општината.
Проектот е поддржан од Општина Куманово.