Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Празнична средба по повод 8 Март во Општина Куманово

Во чест на Денот на жената, денеска во Општина Куманово, во пригодна атмосфера се сретнаа ученици од општинските основни училишта со нивните наставнички, претставници од Општинскиот Совет за превенција на детско престапништво и претставници од Отсек за превенција при СВР Куманово.
Средбата беше реализирана во рамки на проектот “Празници зближуваат”, во организација на Отсек за превенција при СВР Куманово, кој се залага за спречување на девијантните појави и насилството помеѓу малолетните лица.
Празничниот настан беше искористен за испраќање на порака за почит, толеранција и културно однесување меѓу учениците.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст