Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва официјална посета на амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер

Денеска градоначалникот на општина Куманово Димитриевски оствари  прва официјална средба со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер и заменик амбасадорот Татјана Ковачиќ. На средбата беше истакнато обостраното задоволство од воспоставените односи на двете страни, со позитивни очекувања за континуирана соработка, која ќе донесе интензивно споделување на искуствата и нови проекти. Оваа средба резултираше со отворени можности за продолжување на соработката во повеќе општествени сфери, реализирајќи проектни активности за квалитетен животен стандард на граѓаните.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст