Активности по повод денот на екологијата – 21 Март
Во организација на Секторот за образование и Одделението за животна средина од Општина Куманово, со поддршка на ЈП Чистота и зеленило – Куманово, предвидени се низа активности по повод денот на екологијата – 21 Март.
Во еколошката акција ќе учествуваат ученици и наставници од општинските основни и средни училишта и граѓани активисти кои се залагаат за почиста животна средина.
Овие активности се дел од кампањата “Куманово мој зелен дом” и имаат за цел подигање на еколошката свест кај младата популација.
Се упатува повик за акцијата до сите граѓани, во која е предвидено е да се засадат 105 садници и расчистување, односно собирање на отпад на четири локации: ООУ “Кочо Рацин”, ОСТУ “Наце Буѓони”, СОУ “Перо Наков” и паркинг на ТППЕ Куманово.