Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Еколошка акција во рамки на кампања “Куманово мој зелен дом”

 

Со низа еколошки активности, денеска беше одбележан денот на пролетта и екологијата 21 Март, во организација на Секторот за образование и Одделението за животна средина од Општина Куманово, со поддршка на ЈП Чистота и зеленило – Куманово.
Во акцијата учествуваа ученици и наставници од општинските основни и средни училишта и граѓани активисти кои се залагаат за почиста животна средина.
Беа засадени зимзелени садници и се собираше отпаден материјал на четири локации: ООУ “Кочо Рацин”, ОСТУ “Наце Буѓони”, СОУ “Перо Наков” и паркинг на ТППЕ Куманово.
Овие активности беа организирани во рамки на кампањата “Куманово мој зелен дом” и имаат за цел подигање на  еколошката свест кај граѓаните, особено кај младата популација.
Во еколошката акција учествуваа претставници од општинската администрација кои на учениците им поделија едукативни брошури.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст