Работилница за превенција и спречување на насилен екстремизам во регионот на Куманово
Невладината организација NEXUS civil concept, денеска во Куманово, организираше работилница на тема: Превенција и спречување на насилен екстремизам на подрачјето на општината.
Главна цел на оваа работилница е поттик на граѓаните, со посебен акцент кај помладата популација, на ненасилен начин да ги реализира идеалите за човекови права и слободи, преку надградба на своите вештини, знаења и користење на расположивите ресурси во општествениот систем.
На едукативниот настан присуствуваа членовите на Акцискиот тим во заедница – тело кое активно работи во рамки на Општина Куманово од 2019 година, Стефан Петковски и Александар Јовановиќ, претставници од Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС и интернационалната организација за поддршка на локални иницијативи од областа на насилниот екстремизам – GCERF.
Учествуваа и претставници од Амбасада на Кралството Холандија во Македонија, регионалниот координатор за безбедност Нона Де Јонге и Магдалена Лембовска, кои споделија искуства и можни решенија од оваа област, со учесниците на работилницата – раководни лица и стручни кадри од општинските основни и средни училишта.