Традиционална ифтарска вечер во чест на Рамазан
Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан, на градскиот плоштад во Куманово, по шеснаесетти пат беше приредена традиционална, заедничка ифтарска вечер, во организација на Исламски младински форум – огранок Куманово, во соработка со Општината. На вечерата присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, кој со пригодни зборови се обрати пред присутните, претседателката и членови на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација. Празничните активности и оваа година го носат слоганот: “Рамазан, месец на постигнувања”!