Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Куманово во срцето” – креативна творечка работилница

Во чест на 24 Мај – Ден на словенските просветители, солунските браќа Кирил и Методиј, денеска во Занаетчиски дом – Куманово, се одржа креативна творечка работилница, во организација на Здружението на просветни работници, со поддршка на Општината.
Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Настанот го водеше етаблираниот автор, книжевен творец со потекло од Куманово, Венко Андоновски професор на факултетот “Блаже Конески”, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.
Целта на работилницата со наслов – “Куманово во срцето”, е поттикнување на литературната креативност кај талентираните ученици од основно и средно образование, поддршка од нивните ментори, просветните работници и афирмација на мајчиниот јазик преку литературно творење.
Во оваа прилика професорот Андоновски ја нагласи традицијата на негување на љубовта кон родниот град и почитување на корените, подигање на локалната свест и заедничка грижа за заедницата.
Најуспешните творби на денешната работилница беа наградени со дипломи и благодарници за учество на учениците (автори) и нивните ментори.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст