ООУ “Кочо Рацин” – Куманово го одбележа патрониот празник
Во знак на почит и благодарност кон ликот и делото на македонскиот поет и комунист, Коста Солев Рацин, денеска пред неговата биста во дворот на училиштето, делегација од Општина Куманово, предводена од претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, положи свежо цвеќе.
Со песна, игра и литературна изведба, учениците и наставниците го одбележаа патрониот празник на училиштето, кое успешно опстојува 79 години.