Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Малински” – Меѓународен фото фестивал

Во Занаетчиски дом, беше отворен интернационалниот фестивал на фото проекција, во организација на Фото клуб “Куманово”, со поддршка на Општината. На културно – уметничката манифестација, со свои дела ќе се претстават излагачи од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Романија и Турција. Втората фестивалска вечер ќе се одржи во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, на 1 јуни (сабота), со Меѓуклупска изложба “Круг 2024”. На Безистен во Штип ќе биде реализиран завршниот  трет ден (2 јуни), со изложбата “Мајстори на фотографија” на Националната фото унија и Меѓународна изложба “PLAY” во Центар за култура – “Ацо Шопов”.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст