Промоција на Учителско наследство и развојна образовно – воспитна практика – Зборник на трудови
Промотивна панел средба на Зборникот на трудови, во организација на Сојузот на просветните работници на РСМ, се одржа денеска во Скопје.
Зборникот ги содржи прилозите на Учителската средба во Куманово, одржана по повод 70 години од првата генерација учители од учителската школа “Гоце Делчев” – Штип, 1949 – 2019 година.
Во работниот дел беа промовирани трудови од образовно – воспитната практика во основно образование, средно образование и трудови за предучилишно образование и воспитание.
На промоцијата протоколарно обраќање имаше и раководителката на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции од Општина Куманово, Марија Бабан, покрај претставници од МОН, од Просветно дело – Скопје и од ПСУ “Јахја Кемал”, домаќин на настанот.