Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Наградените гимназијалки на прием во Општина Куманово

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, денеска примија претставници од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, предводени од директорката Марија Тодоровска. На средбата им беа упатени честитки на гимназијалките, за постигнатиот успех на Европската олимпијада по англиски јазик, Hippo English Language Olimpiad, која се одржа во Италија (21-23 мај, Lido Di Jesolo).
Ученичките Ива Пешевска (во категорија 4) и Мила Смилевска (во категорија 5), под менторско водство на професорката по англиски јазик Елена Марковска, освоија две трети награди.
Гимназијалките се единствени претставници од Македонија, кои освоија награди на оваа натпреварување.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст