Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работилница за зелена и циркуларна економија

Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции при Општина Куманово, денеска беше домаќин на работилница за зелена и циркуларна економија, во организација на германска корпорација за меѓународна соработка GIZ.
Присутните на настанот проследија презентација за значењето, можностите, условите и имплементација на бизнис идеи од оваа област, кои би резултирале со успешни проекти.
Општина Куманово останува отворена за соработка со сите чинители, кои ќе пројават интерес за зелена и циркуларна економија.
На работилницата присуствуваше Марија Бабан, раководителка на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции при Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст