Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Домот е еднаквост” – обука на локална лидерска група од Општина Куманово

Денеска во Велес беше реализирана обука на локалната лидерска група од Куманово, во рамки на проектот за поддршка на луѓето што живеат во неформални населби – “Домот е еднаквост”, во организација на “Хабитат Македонија”.

На настанот беше изработена стратегија за проблемите со кои се соочуваат жителите во месноста “Стари лозја”, дел од населбата Перо Чичо, Куманово.

Беа направени и анализи за изработка на нов детален урбанистички план, кој е предвиден со започнувањето на овој проект.

На лидерската обука учествуваа претседателката и членови на Советот на Општина Куманово, раководители на сектори при Општината, претставници од институции, граѓански здруженија и претставници од месното население.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст