Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Матурски хепенинг 2024 – традиционална забава

Завршната забава за матуранти во учебната 2023/24 година, се одржа вечерва во кумановскиот ноќен клуб “Енигма”, во организација на Фондацијата за култура и спорт – Куманово.
На традиционалниот музички хепенинг, беа поканети матуранти од сите средни училишта на територијата на Општина Куманово.
Градоначалникот Максим Димитриевски со поздравен говор се обрати пред матурантите, посакувајќи им успешна иднина и остварување на нивните соништата.
Покровители на манифестацијата се Градоначалникот и Советот на Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст