Дневен ред за четириесет и прва седница на Совет на Општина Куманово
На 18 јуни 2024 година (вторник), со почеток во 10 часот, во кружна сала на зградата на поренешните општествено – политички организации, ќе се одржи четириесет и прва седница на Советот на Општина Куманово, со следен
Дневен ред
- Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2024 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2024 – 31.03.2024 година;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2024 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2024 – 31.03.2024 година;
- Предлог – Одлука за поставување на средства за забавување на сообраќајот на сообраќајници во Oпштина Куманово.