Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пригодно одбележан патрониот празник на ООУ “Толи Зордумис” – Куманово

Денеска завршија тридневните активности во рамки на одбележувањето на патрониот празник на училиштето, кое гордо го носи името на кумановскиот херој и учесник во НОБ, Апостол Толи Зордумис.
Со свечена академија, рецитал, спортски турнир и доделување на награди и признанија на најуспешните ученици,  ООУ “Толи Зордумис” – Куманово, одбележа 61 – годишно постоење, творење и успешно работење на полето на воспитувањето и образованието.
Делегација на Општина Куманово, предводена од претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во знак на почит, положи свежо цвеќе пред бистата на патронот, во дворот на училиштето.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст