Јубилеен маскенбал “Батко Ѓорѓија” – Куманово 2024
На градскиот плоштад во Куманово, денеска се одржа дваесеттото издание на традиционалниот маскенбал “Батко Ѓорѓија”, во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Мозаикот од маски го сочинуваа преку 500 учесници, во 15 групни кореографии, од основни и средни училишта, сите клонови на ЈОУДГ “Ангел Шајче” – Куманово и балетското студио “Ултра”.
Манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, а водител на настанот беше актерот Никица Јанковски.
Покровители на културно – уметничкиот настан се Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.