Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Шеста седница на Советот на Општина Куманово

На 27 февруари 2018 година (вторник), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот.

Дневен ред

 

  • Усвојување на записниците од Третата, Четвртата и Петтата седница на Советот на Општина Куманово

 

  1. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2018 година;
  2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
  3. Предлог – Решение за давање согласност на Правилникот за начинот на стекнување и распределба на средствата во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово;
  4. Извештај за стекнати и распределени средства во 2017 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
  5. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2017 година;
  6. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2018 година;
  7. Предлог – Програма за локален економски развој на Општина Куманово за 2018 година;
  8. Акциски план за меѓуетничка интеграција во образованието за период од 2018 до 2021 година за основните и средните училишта во Општина Куманово;
  9. Информација за состојбите и процесот на децентрализацијата во Јавна установа – Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” – Куманово;
  10. Информација за реализирани активности од областа на социјалната заштита, заштита на децата и здравствената заштита за 2017 година во Општина Куманово;
  11. Предлог – Програма за помош и поддршка на самохрани родители кои живеат на територија на општина Куманово за 2018 година;
  12. Предлог – Одлука за одобрување на проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води во Општина Куманово;
  13. Предлог – Изјава дека Општината Куманово ги исполнува условите за аплицирање за добивање на финансиски средства по Одлуката за распределба на средства согласно Договорот за заем за Проектот ‘‘Водоснабдување и одведување на отпадни води“;
  14. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант;
  15. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување, односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Куманово;

 

  1. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2017 година до 31 декември 2017 година;
  2. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
  3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одржување на јавната чистота во Општината Куманово;
  4. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. „Гоце Делчев“, дел од Урбан блок 29, плански опфат меѓу ул. „Страшо Пинџур“, ул. „Видое Смилевски- Бато“ и ул. „2001“ Општина Куманово;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1903, м.в. Вртача, КО Клечевце – Општина Куманово;
  6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 21/3 и КП 21/11, м.в. Кумилји баир, КО Биљановце – Општина Куманово;
  7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 452/2, м.в. Река, КО Доброшане – Општина Куманово;
  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1827/1, м.в Кадин камен, КО Бељаковце – Општина Куманово;
  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 99/1, село Брзак, КО Брзак – Општина Куманово;
  10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП – Б (големи трговски единици) во А1-домување во семејни куќи за дел од УЕ „11-ти Ноември“, дел од УБ 65- б, за КП 14453, КО Куманово – Општина Куманово;
  11. Предлог – Заклучок за техничка исправка на техничка грешка на г.п. 3 на КП 25315 во Детален урбанистички план за дел од У.Е. „Бајрам Шабани“, дел од Урбан блок 58-б, Плански опфат меѓу ул. „Поток Серава“, ул.„2001“, ул. „Франц Розман“, ул. „Карадачки Одреди“ и ул. „300“ – Општина Куманово, донесен со Одлука на Советот бр. 07-5856/12 од 12.05.2011 година;
  12. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општината Куманово;
  13. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово;
  14. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков‘‘ – Куманово;
  15. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во ОСТУ „Наце Буѓони‘‘ – Куманово;
  16. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во ССОУ „Киро Бурназ‘‘ – Куманово;
  17. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во Основното училиште „Бајрам Шабани‘‘ – Куманово;
  18. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во Основното училиште „Наим Фрашери‘‘ – Куманово;
  19. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во Основното училиште „Јероним Де Рада‘‘ – с. Черкези;
  20. Предлог – Одлука за разрешување и именување на член на Одборот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
  21. Предлог – Решение за именување на член на Управен одбор на Јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово – претставник од Општината Старо Нагоричане.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст