Кумановски средношколци учесници на глобален натпревар „Microsoft office specialist” и „Adobe certified professional” во САД
На 25 јуни 2024 година во просториите на „Семос едукација“ се одржа финалето на националните натпревари „Microsoft office specialist (MOS)“ и „Adobe certified professional (ACP)“, на кои учествуваа ученици од средните училишта од Скопје и Куманово. По тој повод денеска претседателката на Совет на општина Куманово Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование Јовановиќ одржаа средба со наградените ученици од општинските училишта и менторите Марјан Спасиќ и Јасмина Денковска. Од вкупно 300 учесници на државниот натпревар, кумановските ученици влегоа во 10-те најдобри: Илина Арсовска од СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, Леонид Петковски, Георги Станојковски и Матеј Глигоријевски од ОСТУ “Наце Буѓони”, Матеј Спасиќ – ООУ “Браќа Миладиновци”.
Учениците Арсовска и Петковски со освоени максимални поени, заедно со менторите се дел од тимот кој ќе ја претставува РСМ на глобален натпревар во MOS и ACP, што ќе се одржи во Анахајм, Лос Анџелес – САД од 28 јули до 1 август 2024 година.