Работна средба со претставници од ЦИД
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска имаше работен состанок со претставници од Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД.
На средбата се дискутираше за потребата од постојки за електрични тротинети, една од иницијативи на младите, како дел од проектот Младински активизам во мултиетнички заедници.
Потребно е да се изготви план за локација на постојките, и да се определат средства од Општина Куманово.