Пожари во Кумановско
Денеска градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски заедно со командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово Деан Илиевски и пратеникот Даниел Стојчевски беа во село Кокошиње, кое втор ден е зафатено со пожар.
Екипите на ТППЕ Куманово се на терен и деноноќно работат на гаснење на пожарите, во соработка со месното население.
Во текот на вчерашниот ден имаше 11 активни пожари, од кои 10 се изгаснати, а денеска има 2 нови и активни. Исто така имаше повеќе интервенции на пожари од помали размери: во населбата Перо Чичо, Спомен костурница Зебрњак, селото Никуштак, во близина на филтер станицата.
Денеска Центарот за управување со кризи најави воздушна поддршка во гаснење на пожарот во најзагрозеното место во областа на село Кокошиње.