Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Бдеење на Кокински мугри”– меѓународна поетска манифестација

Шеснаесеттото издание на меѓународниот поетски митинг, се одржа денеска во Занаетчиски дом, во организација на здружението на граѓани – “Друштво на писатели” Куманово, со поддршка на Општината и Фондацијата за култура и спорт Куманово. Пред присутните од име на Општина Куманово, се обрати овластениот раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски. На поетското дружење “Бдеење на Кокински мугри”, со свои творби учествуваа претставници од повеќе земји, Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Луксенбург и Швајцарија, кои добија признанија за учество на манифестацијата. Настанот со културно – уметничка  програма го збогатија членовите на КУД “Срма” – Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст