Продолжува реализација на мерката – остварување на право на народна кујна
Општина Куманово продолжува со реализација на мерката – остварување на право на народна кујна за ранливи категории на граѓани, согласно со надлежностите во Програмата за социјална заштита на Сектор за култура, спорт,социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита. Покрај оствареното право на користење на оброк на вкупно 73 граѓани, од утре бројката на корисници ќе биде зголемена и ќе изнесува 105 граѓани.За сите подносители на Барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде истакнато известување во просториите на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“- Куманово.Јавниот повик за остварување на право на народна кујна продолжува и ќе трае до крајот на 2024 година.