Доделени договори за финансиска поддршка на здруженија кои вршат работи од социјална заштита
Денеска градоначалникот Максим Димитриевски и овластениот раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, на претставници на здруженија им доделија договори за финансиска поддршка. Согласно програмата за развој на социјална заштита, а по одржан јавен повик, финансиска поддршка добија пет здруженија, кои вршат работи од социјална заштита. Средствата се наменети за реализација на нивните проекти, преку кои ќе бидат воспоставени социјални услуги бесплатни за одредени категории на граѓани.