Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Честитка на Димитриевски по повод 2 Август – симбол за зачувување на македонската историја, идентитет и традиции

Почитувани сограѓани,

На денешниот ден на кој достоинствено одбележуваме 121 година од Илинденското востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ, сакам да им оддадеме почит на нашите претци, кои претставуваат симбол на борбата и победата на македонската нација, подарувајќи ни слобода.

Илинден е  македонски  национален и православен празник, на кој одбележуваме значаен настан од македонската историја, како потсетник дека треба да ја почитуваме нашата независна и демократска држава, продолжувајќи да градиме мирни и стабилни меѓучовечки односи, во духот на создадените национални вредности. Да останеме доследни и единствени во намерата за развивање и напредок на нашата држава во сите сфери на делување за стабилна и посветла иднина.

Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст