Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Учесниците на Меѓународна ликовна колонија на прием во општина Куманово

Денеска секретарот на општина Куманово Гелевски, претседателката на Совет Ѓорѓиевска и раководителот Крстевски остварија средба со ликовните уметници – учесници на 50–тата Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. Од првата креативна средба одржана 1974 година во конаците на манастирот “Св. Прохор Пчински” до денес, ова е една од поетаблираните Колонии. Истата е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерство за култура и туризам на РСМ, во реализација на НУ Музеј – Куманово и Фондација за култура и спорт.

На јубилејното издание учествуваат 11 ликовни автори од повеќе земји од регионот: Звонко Павличиќ, Милош Шариќ, Марин Милутиновиќ и Никола Марковиќ (Србија), Цвета Хојник (Словенија), Здравко Милиќ и Јосипа Чамбер (Хрватска), Костин Братини (Романија), Ирвин Масличиќ (Црна Гора), Ангел Коруновски и Валентина Илијевска (Македонија). Уметниците работат на платно, доследни на сопствениот израз и автентичноста, оставајќи по две уметнички дела, кои ќе заземат достојно место во фондот на НУ Музеј и општина Куманово.

Ликовната манифестација започна на 6 август во комплексот Етно село “Тимчевски”, а ќе заврши на 13 август со изложба на новосоздадената продукција.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст