Делегација на Совет на општина Куманово на манифестацијата „Пантелински дани” во Бијељина
Членовите на Совет на општина Куманово Лидија Костиќ и Сузана Манчиќ – Спасиќ се во посета на збратимениот град Бијељина, Република Српска, по повод традиционалната градска манифестација „Пантелински дани”. Од името на Општината положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, присуствуваа на прием кај градоначалникот Љубиша Петровиќ, на Света архиерејска литургија и Свечена академија.
Оваа посета претставува повод за продлабочување на воспоставените пријателски односи и долгогодишни работни активности, во интерес на двете страни.