Ретроспективно – монографска изложба на Љубица Андреевска
Во уметничката галерија на НУ “Музеј” – Куманово, вечерва беше отворена изложба на признат ликовен творец, една од основоположниците на “наивната” уметност во земјава, Љубица Андреевска од Кавадарци.
Посетителите имаа можност да разгледаат поставка од 51 дело, во повеќе техники (масло на платно, масло на панел и комбинирана техника), со колоритни мотиви од секојдневниот живот во селска средина, во духот на традицијата.
На културно – уметничкиот настан присуствуваа претставници од општинската администрација и Советот на Општина Куманово.