Свечено отворање на Меѓународниот фолкорен фестивал “Куманово”
Вечерва во салата на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, започна тридневната културно – уметничка манифестација, во организација на КУД “Панче Пешев” – Куманово, под покровителство на Општината.
Низ игра и песна, на сцената се претставија фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и Грузија.
Претседателката на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, го отвори настанот, истакнувајќи ја важноста на културата и традиционалните вредности.
Дел од публиката беа и претставници од општинската администрација.