Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено затворен Меѓународен фолклорен фестивал “Куманово 2024”

Со културно – уметнички настап на фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и Грузија, заврши овогодинешното петто издание на фестивалот, вечерва на градскиот плоштад во Куманово.
Тридневниот фестивал беше во организација на КУД “Панче Пешев” – Куманово, со поддршка на Општината.
Дел од публиката беа претставници од општинската администрација и членови на Совет на Општина Куманово.
Манифестацијата уште еднаш ја потврди основната мисија – поврзување на народите преку традиционалните културни вредности.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст