Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Тумба фест 2024”– Меѓународен музички фестивал

На градскиот плоштад во Куманово, вечерва се одржа 12 то издание на традиционалниот фестивал на народна шегобијна песна, во организација на здружението “Етно ризница”,  под покровителство на Општина Куманово.
На сцената настапија 19 интерпретатори од Македонија, Србија и Бугарија, кои низ песна ја претставија убавината на јазикот и дијалектите, карактеристични за поднебјето од каде доаѓаат.
Во рамки на фестивалот беше промовирана и стихозбирката “Голем мераклија”, од авторот Бобан Петковски.
Музичката манифестација ја отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, потенцирајќи ја македонската  културната ризница и негувањето на мајчиниот јазик.
Наградите за животно дело од име на организаторот, им припаднаа на истакнатите и признати фолк пејачи, Маргица Антевска и Ристо Краповски.
На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација и членови на Советот на Општината.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст