Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меѓународен тамбурашки фестивал – Куманово 2024

Традиционалниот тамбурашки фестивал, еден од основните белези на Кумановско културно лето,  се одржа вечерва на градскиот плоштад.
Дваесеттото издание на меѓународниот музички настан, го отвори градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски.
Настапија тамбурашки оркестри од земјава (ТО Табиет – Свети Николе, Македонија) и странство (ГТО Пљевља, Црна Гора и ТШ Баторек, Хрватска).
Пред почетокот на јубилејната манифестација, градоначалникот на Општина Куманово, во пригодна атмосфера се сретна со учесниците на фестивалот, посакувајќи им успешен настап и пријатен претстој во градот, во Занаетчиски дом, Куманово.
На сцената настапија и кумановски вокални интерпретатори (Нино Величковски, Маргица Антевска, Марио Арангеловски и Мартинијан Кириловски), под мотото “Кумановци за Куманово”, на задоволство на љубителите на музичката уметност.
Во знак на почит и благодарност, постхумно беа доделени благодарници на членовите на семејствата, на легендарните музички уметници, Драгомир Шоиќ и маестро Миодраг Божиновски – Мичо, кои зад себе оставија трајни вредности, збогатувајќи ја музичката историја на родниот град.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст