Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ

Денеска претседателката на Совет на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска присуствуваше на пригодна свеченост по повод 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, која се одржа во касарната Боро Менков во Куманово.

На свеченоста се обратија министерот за одбрана Владо Мисајловски, претседавачот на Координативниот комитет на SEDM и на Политичко – воениот управен комитет Симона Којачару и командантот на Командата на SEEBRIG, бригадниот генерал Билбил Битри.

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана 1999 година, врз основа на Договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција.

Општина Куманово и СЕЕБРИГ изградија стабилни пријателски односи, кои се истакнуваат преку сериозна соработка и успешна реализација на предвидените активности на повеќе општествени полиња.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст